Има и такви што од Кина доаѓаат во Европа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


24-годишниот Оскар Ромеро е нов играч на Депортиво Алавес.

Ромеро ја започна кариерата во Керо Портена, а Алавес доаѓа од кинескиот Шангај. Иако вообичаено играчите заминуваат од Европа во Кина, сепак Ромеро го направи спротивното.

Поради ограничен број на странци, Шангај мораше да го продаде, па тој ќе го помине вториот дел од сезоната во Шпанија.

Роберо во 2013 година дебитираше за Парагвај и се сметаше за еден од најголемите таленти.

Станува збор за крилен фудбалер кој има брзина, техника и силен удар со лева нога.

Тој за Парагвај одигра 47 натпревари и постигна 9 голови.