Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Миланскиот клуб може да добие големо засилување во одбраната.
Како што пренесува каталонски Спорт, Интер од Милан е заинтересиран за услугите на десниот бек на Барселона, Алеиш Видал.
Со Интер, се споменуваа уште неколку клубови од Италија и Англија кои сакаат да го ангажираат Видал.
Тој се наоѓа во втор план кај тренерот Луис Енерике, Серхио Роберто ја превзеде главната улога на позицијата десен бек, а и малата шанса што ја добиваше, Видал не успеа да ја искористи и така неговото заминување нема да биде изненадување.
Меѓутоа, како што наведува неговиот агент, Алеиш не сака да слуша никакви понуди на други клубови веќе е цврст во одлуката да осане во Барселона и да избори свое место во составот.
Видал во Барса стигна во 2015 година од Севиља.