Интер убедливо против Пескара – Продолжи серијата на победи на нероазурите (ВИДЕО)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Интер на Џузепе Меаца ја победија Пескара со 3:0 во натпревар од 22-ро коло во Серија А.

Данило Д’Амброзио во 23-та минута погоди за водство на Интер. Потоа Марио се закани по голот на Бизари кој фантастично го одбрани шутот на португалецот.

Пред крајот на првото полувреме Марио го зголеми водството на Интер, 2:0.

Само по влегувањето на терен, Едер постигна погодок и ги постави конечните 3:0.