Интересен потег на Сити: Именуваа терен во комплексот по Џо Харт

Од таборот на Манчестер Сити именуваа еден од терените на комплексот по легендарниот голман на клубот, Џо Харт.

Харт освои пет големи трофеи со Манчестер Сити вклучувајќи ги и титулите во Премиер лигата во 2012 и 2014 година по неговото пристигнување во клубот во 2006 година.

Англичанецот ова лето си замина од Сити на перманентна основа и се приклучи на тимот на Барнли каде е стандарден голман.