Иско и Бејл веднаш се наметнаа кај Зидан: Двоецот кој беше во немилост на Солари донесе победа против Селта (Видео)

Зинедин Зидан уште на првиот натпревар донесе промени во таборот на Реал Мадирд, па од првата минута против Селта можевме да ги видиме Иско, Бејл и Марсело.

Интересно е тоа што тројцата беа креатори на победата на „Кралевите“ против Селта Виго со 2:0.

Реал Мадрид доминираше во текот на целиот натпревар, а посебно изразите беше доминацијата во вториот дел кога паднаа и двата погодоци.

Најпрво Иско ја искористи асистенцијата на Бензема за 1:0 во 62. минута, за во 77. минута Бејл да го постави конечниот резултат на асистенција на Марсело.