Италија во шок по новиот случај на „наместени“ натпревари!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По неколку години пауза, италијанскиот фудбал повторно го тресе скандал за лажирање натпревари.

Одбранбениот игран на Џенова, Армандо Изо, се наоѓа во центар на внимание.

Медиумите во Италија објавија дека тој лажирал натпревари, односно дека соработувал со мафија.

Армандо минатата година имаше сезона од соништата затоа што заигра за Италија, но сега се би можело да падне во вода ако се потврдат овие приказни.

Овој 25-годишен фудбалер се поврзува со една од најопасните мафии.

По „сомнителната“ сезона во Авелино во летото 2014 година, тој потпиша за Џенова каде што одигра неколку одлични натпревари.

Неговиот трансфер изнесуваше 200.000 евра, а неговата вредност денес е околу 7 милиони евра.