Кабиб влета во кафезот лут како рис откако негов роднина беше брутално нокаутиран

Роднината на познатиот УФЦ борец Кабиб Нурмагомедов, Шамил Завуров се бореше против Мансур Барнауи на натпревар организиран од ММА.

На овој турнир учествуваа 32 борци, а роднината на Кабиб доживеа брутален нокаут и неславно го заврши ова натпреварување.

Завуров добро се држеше во дуелот, а потоа како гром од ведро небо беше нокаутиран.

Мансур изведе неверојатен удар со колено во главата на противникот, па Завуров се сруши како свеќа.

Покрај кафезот беше и Кабиб кој веднаш скокна да му помогне. Завуров беше без свест неколку секунди, а Кабиб се обидуваше да му помогне.

За среќа и докторите брзо реагираа и се заврши без последици.