Како ПСЖ ја направи најголемата трансфер глупoст?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Расфрлувањето на милиони не е ништо ново во светскиот фудбал, но она што во последните години го работи ПСЖ нема многу врска со добра бизнис филозофија.

Парижаните во последниве години направија голем чекор напред, станаа шампиони во Франција и станаа важен фактор во ЛШ, но тоа се уште не е нивото што се очекува.

Стотици милиони инвестирани во тимот допрва треба да го донесат вистинскиот резултат, а кога се работаат големи работи, се прават и големи грешки. Една од најголемите кои некгоаш ги направиле е навистина купувањето на Давид Луиз и потоа продавање на истоит играч за скоро двојно помал износ на истиот клуб.

Да биде работата уште полоша, Луиз е во најдобрите играчки години и веројатно е еден од најдобрите дефанзивци денес, па нема никаква логика која е причината зошто директорите на парискиот клуб дозволија да го продадат.

Потсетуваме, ПСЖ го плати Луиз 63 милиони евра, а го продадоја за 38. Еден од најдобрите примери како треба да се работи во модерниот фудбал. Луиз оваа сезона е еден од најдобрите играчи кој доминира во англиската Премиер лига…