„Каков крај на ерата на клубот?“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона вчера против Легањес стигна до тешки три бодови со кои останаа во трка за шампионската титула во Ла Лига.

Пеналот кој го погоди Меси во финишот од натпреварот им донесе победа од 2:1, а Енрике призна дека мислите му биле на натпреварот со ПСЖ.

Исто така, за својата иднина тој нема донесено одлука.

„Немам сеуште одлучено. Тоа сигурно нема да влијае на нашите натпревари. Не би рекол дека ова е крај на една ера на клубот, како што велите вие новинарите. Играме уште во три натпреварувања! Натпреварот со ПСЖ секој ден ми е во мислите, но има уште да се игра.“

„Мораме да се обидеме да направиме најмногу што можеме до крајот на сезоната.“

Овој тренер останува без договор со Барселона на крајот на сезоната, а како потенцијални замени се споменуваат Сампаоли и Куман.