Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалецот е константно на удар на медиумите, тренерското столче одамна му се тресе, а многумина сметаат дека неговиот отказ е неминовен.
Легендарниот фудбалер на Манчестер Јуанјтед, Ерик Кантона веќе и порано изјавуваше дека повеќе би сакал да го види Пеп Гвардиола на клупата на Црвените ѓаволи отколку Мурињо, а сега на свој начин ги прокоментира маките на Посебниот.
„Тој едноставно не е правиот маж за оваа девојка“, кратко порача Кантона.
Французинот истакна дека го сака и го почитува Мурињо, но дека едноставно во овој момент Манчестер Јунајтед е погрешен клуб за него.