Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На Жозе Мурињо не му цветаат рози во Јунајтед. Црвените Ѓаволо во Премиер лигата го завземаат тек шесттото место, а темпераментниот Португалец често влегува во конфликти со медиумите.
И вчера после поразот во големото дерби од Ливерпул истакна дека овој тим дошол до победа со среќа, што ги налути и така разочараните фанови.
Многумина се прашуваат кога ќе се раздели Мурињо со Манчестер Јунајтед, а својата „војна“ преку медиумите со него ја продолжи искучниот чувар на мрежата Икер Касиљас, еден од оние кои немаат баш респект спрема Мурињо. Како што е познато Мурињо го тргна од мрежата на голот на Реал, што и пресуди за заминување на Касиљас од Шпанија.
Поедини соиграчи на Касиљас подоцна истакнаа дека Португалецот го мразел легендарниот голман.
Сегашниот голман на Порто одлучу да се огласи преку Твитер и додатно да го „боцне“ Мурињо во тешките времиња за него.
„Спрема пишувањата на португалските медиуми, некој рече дека играч како мене кој има 37 години се наоѓа близу пензија. Потполно се сложувам со тоа, сепак моето прашање до тие истите медиуми е: Кога се во прашање тренерите, во кои моменти им станува јасно дека веќе не можат да водат одреден тим?“, се запраша Касиљас.