Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот Французин зборуваше за кариерата, но и за животот.
Еден од најталентираните фудбалери во светот, Килијан Мбапе даде интервју за медиумите. Всушност, многу добро интервју. Зборуваше за својот развој како фудбалер, но и како човек, а тоа нема да го прочитаме секој ден.
Добра шанса да го запознаеме од различни агли.
Да кажеме, дека против Дортмунд имаше специфичен начин на прослава.
„Таа прослава се создаде така што мојот помлад брат го направи тоа кога даде гол на Плејстејшн против мене.“
Каков е неговиот однос кон фудбалот?
„Сите велат дека фудбалот е работа, но јас дојдов во Монако да го правам тоа што го сакам. Кога работите нешто што сакате, многу е полесно да станете наутро.“
Тоа што е неговото име во јавноста не му пречи.
„СП 2018 година нема да биде фактор во правењето на одлуката за иднината. Моето име многу се изговара. Тоа не ми пречи ниту на мене, ниту на мојот клуб.“
Французинот уште подлабоко објасни како размислува за својата иднина.
„Ако го сменам клубот, мојот брат ќе тргне со мене. Јас сум во години кога ми е потребно да играм постојано. Ако сакас да играш добро, мораш да играш постојано. Тоа ќе биде од голема важност за мојот избор.“
Вели дека не му пречи било каде да замине.
„Јас одлучувам за својата иднина. Јас и моето семејство. Никој не ми кажува каде да одам.“
А потоа Килијан премина на сериозна тема.
„кога зборуваме за фудбалот, јас можеби сум напред за своите години. Сепак, кога гледаме на животот, јас и понатаму имам 18 години.“
Најголемата грешка нема врска со фудбалот.
„Мојата најголема грешка е тоа што немам возачка дозвола. Како одам на тренинг? Мајка ми ме носи. Или возачот на клубот.“
Можеби на теренот личи на предатор, но Мбапе е само дете од внатре.
„Јас сум само дете. Понекогаш мајка ми вика направи го ова, направи го тоа. Тоа е нормално. Учам како и сите други. Ветувам дека како личност нема да се сменам. Дојдов овде за да бидам ЈАС. Ако се сменам, ќе станам некој кој што не сум.“