Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арда изјави дека е среќен во Барселона.
Тој вели дека е многу среќен во Барселона, иако медиумите го селат од тимот. Турчинот кој полни 30 години наредната недела, наводно е предмет на голем интерес во Кина.
Како и да е, поранешниот играч на Атлетико им зададе удар на сите кои го сакаат со порака дека сака да остане во Барселона до крајот на договорот.
„Многу сум среќен во Барселона. Имам договор до 33 години. Сакам да останам до крајот на договорот во клубот. Играм во тимот во кој играат најдобрите во светот. Се трудам да бидам важен дел од тимот. Мислам дека имав успех во тој поглед.“
Туран оваа сезона одигра 14 натпревари во Примера и постигна 3 голови. Туран има договор со Барселона до 30 јуни 2020 година.