Клоп да не претера? Дефанзивецот сега чини 35 милиони евра


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Францускиот дефанзивец има цена и тоа висока.

Кошмарот низ кој помина Мамаду Сако минатата сезона во Ливерпул е завршен со позајмица во Кристал Палас каде експлодира.

Французинот е една од ѕвездите на малиот лондонски клуб кој моментално се наоѓа во добра ситуација да обезбеди опстанок во ПЛ. Тоа очигледно не помина незабележано кај Јирген Клоп. Според британските медиуми, тренерот на Ливерпул стави нова етикета на цената на дефанзивецот со кој имаше конфликт минатата година.

За сите потенцијални купувачи Сако сега чини 35 милиони евра.

Зачудувачки, многу ќе кажат и претерување.

Можно е дека Клоп на овој потег се одлучи за инает на французинот кој минатата зима сакаше да го продаде Сако за помалку од 20 милиони евра.

Рома, ВБА и Саутемптон кој моментално се заинтересирани за Сако тешко дека ќе издвојат 35 милиони евра.