Клоп се смешка: Тотнем со големи маки против Ливерпул (ФОТО)

Тотнем ќе биде ослабен во дербито од петто коло во англиската Премиерлига против Ливерпул.

Тренерот на лондонскиот гигант, Маурицио Покетино во средбата нема да може да смета на Деле Али и првиот голман Уго Лорис.

Али се повреди за време на репрезентативните обврски и поради повреда ќе мора да паузира една недела, додека повредата на Лорис е многу посериозна.

Тој ќе мора да паузира неколку недели поради повреда на бутниот мускул.

Инаку, натпреварот помеѓу Тотнем и Ливерпул се игра во сабота од 13.30 часот.