Клоп „удри“ по Рамос: Шпанецот е немилосрден и брутален!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп по неколку месеци молк, реши да прозбори за прекршоците на Серхио Рамос во финалето на Лигата на шампиони.

„Доколку требаше да се употребува ВАР-технологијата, тогаш дуелот со Салах би бил идеална ситуација. Не велат дека требаше да биде црвен картон, но требаше да се потврди дека неговиот дуел беше немилосрден и брутален“, кажа Клоп.

Германскиот тренер зборуваше и за карактерот на Шпанецот.

„Воопшто не ми се допаѓа неговиот однос. Интересно е тоа што Рамос има многу вакви ситуации. Сетете се на минатогодишниот дуел против Јувентус и неговата одговорност за црвениот картон на Квадрадо. Никој потоа не зборуваше за тоа. Целата ситуација е како да прифаќаме да се користат сите можни начини а да се добие натпревар“, објаснува Германецот.