„Кога во Манчестер ќе имаме еден Макелеле и Дејан Станковиќ, тогаш ќе освоиме се!“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Мурињо смета дека главниот играч на Челси оваа сезона е Канте.

Мурињо имаше таков играч кога дојде во Челси, кога Реал го пушти Макелеле, но и во Интер го имаше Дејан Станковиќ.

Во Реал не успеа да најде таков тип, веруваше дека тоа може да биде Кедира, а го врати Матиќ во Челси за да биде организатор на играта.

Во овој момент Погба ја нема таа „заштита“, Керик го „изедоа“ годините, а Ерера е поинаков тип на играч.

Поради тоа Мурињо треба да донесе некој играч кој би можел да го извлече најдоброто од Погба, потоачно со својата работа да му помогне на него.

Па, како оди потрагата по нов Макелеле?

Тешко, затоа што денес има малку такви играчи, еден е Бакајоко, но тој нема доволно искуство.

Мурињо го сака Даер од Тотенхем, а цената би му била 50 милиони евра и тој има доволно искуство во ПЛ.

Тој сакаше да го донесе и Матиќ, но ниту во еден момент не беше тоа реална опција.

„Кога во Манчестер би имале еден Макелеле и Дејан Станковиќ, тогаш ќе освоиме се.“