„Кога Меси ќе замине, ќе биде ден кога на вас таткото ќе умре“

    Фудбалерот на Барселона Џерар Пике рече денеска дека заминувањето на Лионел Меси од Ноу Камп ќе биде голем удар за тој клуб.

    „Тој е целосно едноставен. Денот кога ќе замине ќе биде ден кога вашиот татко ќе почине и тоа ќе биде многу тешко.  Лео еден ден нема да биде овде и ние ќе бидеме голи, ќе мораме да почнеме од почеток со цел да бидеме конкурентни“, рече Пике за шпанските медиуми.

    Меси со Барселона, меѓу останатото, освои осум титули во Примера и четири трофеи во ЛШ.

    Пике наведе дека повеќе нема да се повтори генерацијата која што ја сочинуваа Меси, Чави, Серхио Бускетс, Карлос Пујол, Андрес Иниеста и тој.

    „Нема да има нов Меси и никој не очекува да има, како што нема да има таква генерација од Ла Масија како беа Чави, Пујол, Иниеста и јас. Се надеваме дека ќе има, но мислам дека нема да се повтори“, рече Пике.