Кондогбија си постигна смешен автогол од 40 метри

Играчот на Интер, Џофри Кондогбија си постигна ретко виден автогол на фудбалските терени.

Интер игра одлично против големите клубови на овие подготовки, па по Баерн Минхен, денес падна и Челси (2:1).

Избраниците на Спалети имаа предност од 2:0 која ја стекнаа со головите на балканското дуо, Јоветиќ и Перишиќ, а во 74. минута видовме и една комична ситуација кога Кондогбија од половина терен го матираше Самир Хандановиќ.

Голот брзо стана главна тема на социјалните медиуми. Во продолжение погледнете ја „мајсторијата“ на Кондогбија.

K o n d o g b i a O w n G o a l by sportsplay