Конте си заминува, веќе се знае и новото име на тренерот на Челси


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Италијанскиот стратег Антонио Конте речиси сигурно ќе си замине од тимот на Челси по крајот на сезоната.

Резултатите на сините од Лондон оваа сезона се под очекувањата, а покрај тоа Конте во повеќе наврати влезе во клинч со челниците на клубот.

Затоа, Амбрамовиќ во моментов интензивно работи на негова замена,  а како што пренесува каталонскиот „Спорт“ одлучено е Луис Енрике да биде нов предводник на клубот.

Челси ќе се соочи со конкуренција затоа што и Арсенал го сака Шпанецот во своите редови, но со побрза реакција „сините“ побрзо би го обезбедиле неговиот потпис.