Кошмарни спомени за нероазурите – седум најголеми промашувања на најлошиот продавач во историјата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Како тинејџерка во шопинг, се да, а не знае што. Така некако британски Сан го опиша Интер потсетувајќи не на сите грешки на нероазурите кога одлучуваат кој да го продадат, а кој да го задржат на Џузепе Меаца.

Сан тврди дека од 90-тите Интер е најлошиот продавач во историјата на фудбалот. За тоа имаат и докази.

Вистина ако барате по книгите на било кој клуб на светот нема да најдете толку многу грешки како на Интер.

Матијас Замер – Ако пресметаме во денешна валута стигна од Штутгарт за 6 милиони евра, но не се навикна на животот во Италија па после шест месеци се врати во Германија. Интер за шест месеци изгуби пари бидејќи на Борусија и го продаде за 4.25 милиони евра, а Замер со клубот од Дортмунд освои две титули во Бундеслигата и ЛШ.

Денис Беркамп – Стигна од Ајакс за 9.77 милиони евра, а замина во Арсенал за 11.25 милиони евра. Тоа не е никаков профит во однос на квалитетот кој го изгубија нероазурите. Беркамп не се покажа во Серија А, но подоцна стана легенда на Арсенал.

Роберто Карлос – Го купија од Палмеирас за 3.5 милиони евра, одигра само една сезона во Милано и подоцна настана конфликт со Рој Хоџсон кој сакаше да го стави да игра на крило, а тој сакаше да игра како лев бек. Замина во Реал за 6 милиони евра и стана веројатно најдобриот лев бек на сите времиња, трикратен шампион на Европа.

Андреа Пирло – Овде Интер заработи многу. Го доведе од Бреша за 2 милиони евра, а го продаде на Милан за 18 милиони евра. Фудбалерот кој во Интер не можеше да се избори за место во стартните 11 во Милан израсна како синоним за плејмејкерската светска класа, освои два пати во ЛШ.

Кларенс Сидорф – Стигна како изградено име од Реал за 24.5 милиони евра, а нероазурите после две сезони го испратија во Милан во замена за Франческо Коко. Коко беше одличен, но не на нивото на Сидорф. И тој со росонерите беше шампион на Европа, два пати и шампион во Серија А.

Леонардо Бонучи – Интер за него плати 40 илјади евра кога го доведе како дете од Витербесе. Но, најверојатно на Меаца не помислија каков фудбалер ќе биде Бонучи кога за 4 милиони евра го продадоа на Џенова. Јуве подоцна го откупи за 15.5 милиони евра, а Бонучи е камен темелникот во моменталната низа од пет титули по ред во Серија А.

Филипе Кутињо – Уште еден фудбалер на кој нероазурите пристојно заработија. Го купија од бразилски Васко за 3.5 милиони евра, а го продадоја на Ливерпул за 13 милиони евра. И останаа без моментално еден од најопасните офанзивци.