Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Шпанските медиуми веќе со денови пишуваат дека Кралевите наскоро ќе пуштат официјална понуда за најскапиот играч на светот, а некои дури објавија дека разговори веќе почнале.
Реал вечерва официјално се огласи со соопштение во кое јасно истакна дека нема да има никакви понуди за Нејмар.
„Играчот на ПСЖ, Нејмар постојано се поврзува со нашиот клуб. Реал Мадрид сака да соопшти дека нема намера да прати било каква понуда за тој играч. Односите помеѓу двата клуба се одлични и доколку Реал Мадрид има намера да доведе играч од ПСЖ, прво ќе се обрати до клубот“, соопштија од Реал.
Со овој став на Кралевите завршија сите шпекулации околу фудбалерот за кого ПСЖ плати 222 милиони евра на Барселона.