Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Денес се одиграа уште два пријателски натпревари.
Репрезентацијата на Шведска ја победи Португалија, 2:3.
Во 18-та минута Кристијано Роналдо ја затресе мрежата на гостите за водство на Португалија. Швеѓаните преку Клаесон и Ниман пропуштија шанси за погодок. Потоа Роналдо имаше шанса за погодок, но голманот на Шведска го одбрани неговиот удар. Гранквист во 34-та минута од натпреварот стрелаше во својата мрежа.
Голманот на Португалија, Марафона на почетокот на второто полувреме ги одбрани ударите на Ларсон и Телин. Клаесон во 57-ма минута намали на 2:1. Истиот фудбалер го постигна и својот втор погодок на натпреварот за израмнување на резултатот. Кансело пред крајот на натпреварот постигна автогол за конечни 2:3 и победа на Шведска.
Кристијано Роналдо со денешниот погодок се израмни на листата на стрелци со Мирослав Клосе со по 71 погодок, четири помалку од второпласираниот Кочиш и 13 помалку од првопласираниот Пушкаш. Со овој погодок Роналдо исто така влезе во најдобрите 10 интернационални стрелци. Капитенот на Португалија е девети и има шест погодоци помалку од Пеле.
Репрезентација на Италија на гости ја победи Холандија, 1:2.
Ромањоли после десет минути игра постигна автогол. Водството на холанѓаните не траеше долго бидејќи една минута подоцна Едер го израмни резултатот. Бруно Мартинс ја погоди пречката, а на другата Пароло се закани по голот, но голманот на Холандија го одбрани неговиот удар. Во 32-ра минута Бонучи погоди за водство на Италија.
Донарума во второто полувреме беше фантастичен на голот на Италија. Неколку пати фантастично интервенираше, а на крајот Италија победи со 1:2.