Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот Бразилец се врати во клубот за кој играше 5 сезони.
Големиот Ривалдо повторно потпиша за Барселона. Светскиот шампион од 2002 и двојниот освојувач на Примера со Барселона нема да му се приклучи на тимот на Енрике.
Ривалдо потпиша договор со Бартомеу и два членови од Извршната управа.
„Многу сум среќен што се вратив тука. Моите пет години во Барселона беа историски. Барселона е клуб во кој секогаш ќе биде моето срце и секогаш ќе им бидам на располагање.“
Освен две титули, Ривалдо со Барселона го освои и Европскиот Суперкуп, како и кралскиот куп. Во 157 натпревари за Барселона, Ривалдо постигна 86 голови.
Ривалдо во Барселона играше од 1997 до 2002 година кога премина во Милан.