Лемар не бил единствен: Атлетико Мадрид купува уште еден играч на Монако!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Томас Лемар нема да биде единствен фудбалер, кој ќе се пресели од Монако во Атлетико Мадрид, туку по неговите стапки ќе тргне и Џибрил Сидибе.

„Телефут“ пишува дека екипите се блиску до договор, а шпанскиот гигант ќе треба да плати за неговите услуги помеѓу 20-30 милиони евра.

Десниот бек, наводно, ги договорил условите со клубот од Мадрид. Сидибе минатата сезона играше одлично во француската Лига 1, каде што на 27 натпревари постигна два гола и седум асистенции.