Лемар отворен за понуди ова лето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Томас Лемар признава дека бил разочаран кога пропаднал неговиот трансфер во Арсенал во летниот преоден рок, но истакна дека е отворен за нови понуди следното лето.

22 годишниот фудбалер на Монако беше пред трансфер во Арсенал но истиот не беше реализиран најмногу поради фактот што играчот немаше доволно време да размисли дали е време да ја промени средината.

„Дали се каам? Можеби. Бев малку разочаран, еднаш кога е готово, готово е, па не треба да размислуваш за тоа. Ќе продолжам да работам напорно и се надевам истите клубови ќе дојдат по мене следниот преоден рок. Отворен сум за сите понуди. Јас сум фудбалер, го сакам фудбалот и нема да затворам ниту една врата“-коментираше Лемар за „Телфут“.