Лестер се засилува на стоперската позиција

Како што пренесуваат медиумите во Англија, од таборот на Лестер Сити испратиле понуда до Хал за услугите на централниот дефанзивец, Хари Мегвајр.

Според „Скај Спортс“ трансферот е пред реализација, а младиот стопер ќе потпише договор на три сезони.

Преговорите меѓу Лестер и Хал се во завршна фаза а трансферот би требало да изнесува 17 милиони фунти.