Летото се ближи, а 2 фудбалери заминуваат од Челси?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во Борнмут се убедени дека постои голема можност на следниот преоден рок да донесат 2 фудбалери на Челси.

Беговиќ и Аке се на самиот врв на листата на желби на тренерот на Борнмут. Според медиумите, тие се подготвени да одвојат 25 милиони фунти за нив.

Аке веќе престојуваше во овој тим на позајмица. Тој за овој клуб одигра 10 натпревари пред повторно да се врати во Челси.

Меѓутоа, по враќањето во Лондон, тој одигра само 3 куп натпревари, како и ½-финалето во ФА купот против Тотенхем.

Борнмут и претходно се обиде да го донесе Беговиќ, но не успеа. Сепак, затоа што тој не игра редовно во дресот на Челси, се посигурно е дека ќе замине ова лето.