Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул Јирген Клоп оцени дека неговата екипа може во оваа сезона да ја освои шампиоската титула, прва во Премиер лигата.
Ливерпул не беше шампион на Англија од 1990 година, две години пред што е основата Премиер лигата.
„Црвените“ во сезоната 2013-14 со тренерот Брендан Роџерс беа блиску до титулата, но шампионатот го завршија со два бода помалку од Манчестер Сити.
Откако Клоп во минатиот август ја презеде екипата, навивачите се надеваат дека клубот може да стане шампион на Англија.
„Се се работи за последните 25 години. Ние сме сега тука. Ние сме сегашна генерација. Колку да ги сакаме играчите од минатото кои го создадоа клубот, ние не можеме да ја извршуваме нивната работа. Мораме да ја извршуваме нашата. Ајде да пробаме тоа да го направиме. Доволно сме добри за такво нешто и овој клуб е доволно голем“, рече Клоп за Скај.
Германскиот тренер наведе дека Ливерпул успеа да сочува поедини играчи, за кој заинтересирани беа големите европски клубови.
„Имаме сопственици какви што ни се потребни, поради што тие не мораат да продаваат играчи. Од нашиот клуб никој не мора да замине поради пари. Не сме клуб кој најдобро ги плаќа играчите, но можеме да ги платиме доволно да останат. Во овој момент во Ливерпул е фантастично и мораме тоа да го искористиме. Моментално сме многу добри, иднината е светла, па ајде да пробаме“, рече Клоп.
После 17 кола во Премеир лигата Ливерпул е втор на табелата со 37 бодови, шест помалку од Челси.