Ливерпул се исплаши: Шаќири нема да игра против Ц. Звезда!?


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Швајцарскиот репрезентативец Џердан Шаќири би можел да го пропушти гостувањето во Белград кај Црвена Звезда во Лигата на шампиони.

Ливерпул ја разгледува можност во ноември да го остави Шаќири во Англија за да не ризикува потенцијални политички тензии.

Ушт се свежи сеќавањата на прославата на голот на Шаќири против Србија (2-1) на Мундијалот во Русија, кога со раце покажуваше албански орел.

Затоа во Ливерпул се внимателни и сакаат да избегнат контроверзи, иако Шаќири во моментов е во втор план кај Јирген Клоп.

Инаку, натпреварот помеѓу Црвена Звезда и Ливерпул се игра на шести ноември во четвртото коло од Лигата на шампиони.