Ливерпул со пресврт до победа – Барнли падна на Енфилд (ВИДЕО)


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул победија на Енфилд против Барнли во натпревар од 28-то коло во ПЛ, 2:1.

После седум минути игра, Барнс му донесе водство на Барнли. Ливерпул израмни во судиското продолжение во првото полувреме со погодокот на Вајналдум.

Емре Чан постигна фантастичен погодок во 61-ва минута за победа на Ливерпул, 2:1.

Ливерпул се наоѓа на четвртата позиција со еден бод помалку од Сити и Тотенхем кои имаат еден натпревар помалку.