Лилард промаши шут за победа – Пораз на Портланд во Минесота


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Играчите на Портланд не успеаа да ја победат Минесота во неизвесен натпревар во кој и двата тимови повеќе пати беа во водство.

Минесота на свој терен го дочека Портланд кој грчевито се бори за позиција која води во плеј-оф.

Во полседната минута Портланд имаше поен заостанување, а дури по промашената тројка на Минесота, Портланд имаше шут за тројка. Тоа го направи Лилард, но сепак промаши и Минесота победи 110:109.