Лошо деби за Гатузо, Милан му го подари првиот бод на Беневенто


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Беневенто и Милан одиграа нерешено (2:2) во рамките на 15. коло од Серија А.

Деби на клупата за Милан имаше Џенаро Гатузо, но за жал нема да го памети по добро затоа што Милан му го подари првиот историски бод на Беневенто во Серија А.

На водечкиот гол на „Росонерите“ се чекаше до 38. минута кога Бонавентура ја затресе мрежата на домаќините. Со тој резултат се замина на полувреме, а Беневенто нецели пет минути по стартот на вториот дел го изедначи резултатот на 1:1. Стрелец на погодокот беше романскиот интернационалец Пушкаш.

Во 57. минута Никола Калиниќ ја врати предноста на Милан откако добро реагираше по асистенцијата на Џакомо Бонавентура.

Сепак шок за Гатузо и фановите на Милан се случи во 95. минута кога голманот на домаќините Брињоли се приклучи во последниот напад на тимот и верувале или не ја затресе мрежата на Донарума за конечни 2:2.