Малдини има повеќе настапи во градското дерби отколку цела екипа на Милан

Поранешниот капитен  на Милан, Паоло Малдини, играше за италијанскиот клуб повеќе од две децении, па така стана легенда на клубот.

Викендов се игра големото дерби во Милано, а Малдини во 1985. година го одигра своето прво, кога Милан и Интер одиграа 2-2.

Целиот тим на Милан во моментов имаат околу 50 настапи во градското дерби, а Малдини има дури 56, а тоа зборува за каква легенда станува збор.

Инаку, дуелот помеѓу Интер и Милан се игра во недела од 20.30 часот.