„Мане доби црвен? Мене ниту фаул не ми свирнаа“

Рио Фердинанд на интересен начин го коментираше денешниот случај со Мане.

Сенегалецот со копачките го удри во глава голманот на Сити Едерсон и доби директен црвен картон.

Фердинанд веднаш во својата галерија пронајде слична ситуација кога го удри Ешли Кол а не беше досуден ниту фаул за Сините.

„Мане доби црвен, а мене не ми беше свирнат ниту фаул“ – беа зборовите на Рио