До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Навивачите на ПСЖ ја коментираа одлуката на Нејмар да не се појави на мечот на кој ПСЖ го „уништи“ Монако и ја освои титулата, а во клубот не ја коментираа неговата одлука.
Резултат од 7-1 тешко дека би го заинтересирало Нејмар, кој не размислува за својата екипа во моментов, туку си бара нова дестинација.
Очигледно од Реал се изгуби интересот. Тие сакаат да ги продадат Бензема и Бејл, но очигледно немаат пари за Нејмар, туку ќе се фокусираат на Левандовски.
Манчестер јунајтед се споменува како сериозна дестинација за него, па ако Мурињо продаде неколку играчи, ќе има доволно пари за да го ангажира Бразилецот во својата екипа.









