Манчестер Јунајтед и Челси ќе водат битка за играч на Арсенал


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Медиумите во Англија пишуваат дека Манчестер Јунајтед и Челси ќе водат битка за да ги обезбедат услугите на играчот на Арсенал, Арон Рамзи.

Велшкиот репрезентативец нема да го продолжи договорот со „топчиите“ и уште во јануари ќе може да преговара со некој друг клуб за продолжување на кариерата.

Манчестер Јунајтед и Челси се меѓу кандидатите заинтересирани за неговиот потпис, а се споменува дека и од таборот на Јувентус ќе се обидат да ги обезбедат неговите услуги.

Се уште не се знае дали во јануари ќе биде познато каде Рамзи ќе ја продолжи својата кариера, но едно е јасно, тоа нема да е Арсенал.