„Марко не може да успее во ПСЖ!“

По се изгледа дека ПСЖ ќе има полни раце работа ако сака да го задржи Верати.

Тренерот на Верати вели дека тој ќе го напушти клубот при првата шанса.

„Ситуацијата е комплицирана. Тој има договор до 2021 година и сака да биде успешен, но ПСЖ тоа не може да му го даде како што стојат работите.“

„Тој мора да размисли дали сака да заработува многу и да биде шампион или сака ли да заработува, но не постигнува ништо. Не е проблем во парите затоа што тој ќе заработува многу повеќе од било каде.“

Верати во претходните години се поврзуваше со Барселона, а неговиот тренер вели дека ќе го напушти клубот.