Машината на Гвардиола продолжува да меле


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Сити вечерва го совладаа тимот на Свонси со високи 4:0 во рамките од 17. коло од Премиер лигата.

Победи обезбедија и Евертон, Лестер, Манчестер Јунајтед додека Арсенал и Ливерпул киксираа и не успеаја да ги победат Вест Хем односно ВБА.

Головите за Манчестер Сити ги постигнаа Давид Силва кој стрелаше два пати, Де Брајн и Агуеро. Со оваа победа избраниците на Гвардиола остануваат на првата позиција со 11 поени пред Манчестер Јунајтед.

„Ѓаволите“ со голот на Ромелу Лукаку потешко од очекувањата славеа против тимот на Бурнемут, а Тотенхем на домашен терен со 2:0 победи против Брајтон.

Резултати Премиер Лига:

Свонси- Манчестер Сити 0:4

Њукасл- Евертон 0:1

Саутемптон- Лестер 1:4

Ливерпул- ВБА 0:0

Манчестер Јунајтед- Бурнемут 1:0

Тотенхем- Брајтон 2:0

Вест Хем- Арсенал 0:0