Мајами Опен – Возњацки нема среќа во финалињата, Конта стигна до трофејот!

Во денешниот натпревар кој се одигра Конта стигна до победа против Возњацки.

Натпреварот започна многу добро за Конта која направи брејк во првиот гејм на противнички сервис и потоа сервираше за 2:0, но Возњацки потоа го возврати ударот и израмни на 2:2.

Во следните 4 гејмови ја гледаме истата ситуација и прво резултатот е 4:4 со брејк на двете страни, а потоа Конта со уште еден брејк, поточно 3-ти во сетот стигна до 5:4 и немаше проблеми на свој сервис за конечни 6:4 во првиот сет.

Вториот сет започна слично како првиот сет. Најпрво брејк направи Конта, а потоа Возњацки израмни на 1:1.

Во продолжение од натпреварот двете тенисерки играа сигурно до 3:3, а во 7-от гејм Конта успеа да направи брејк за 4:3.

Во продолжение Конта беше сигурна на свој сервис и со уште еден брејк на противничкиот сервис, стигна до 6:3 во вториот сет и победа на турнирот во Мајами.