Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Бастијан дефинитивно останува со нас и ќе биде во тимот.“
Мурињо го тргна од листата на играчи на Јунајтед, го исфрли од соблекувалната на првиот тим, па го испрати да тренира со младиот тим. Потоа му го забрани и тоа и му даде тренер со кој ќе работи самостојно. А ако тоа не беше доволно, тогаш тој го врати на тренинзите на првиот тим.
Сите зборуваа дека неговото време поминало и дека во него нема материјал за фудбал на најсериозно ниво. И дека е време да се посвети на својата жена, Ана Ивановиќ.
Но, дека Бастијан е поголем од една мравка покажа со својот каркатер, посилен од сите ниски удари на Мурињо. Молчеше, работеше и не се жалеше. Дури не даде ниту една изјава за тоа.
Го поврзуваа со голем број клубови, достојни на неговото име. Име кое освои Мундијал со Германија, ЛШ, 8 титули во Германија, 7 пехари во купот, 2 државни Суперкупа, како и Суперкуп во Европа и Интерконтиненатален куп.
Помина многу, проживеа кошмар во првата полусезона, но излезе како единствен човек во целата ситуација.
Се помина Швајнштајгер и на крајот го победи Мурињо. Тој во ФА купот беше асистент кај првиот и стрелец на 4-от гол. И тоа со ножички.
Беше тоа негов трет натпревар за Јунајтед оваа сезона, а втор во кој постигнува гол.
И по се што направи за само 106 минути на теренот, го натера Мурињо да се засрами и да го каже тоа за кое никој не сонувал дека ќе го каже.
„Бастијан Швајнштајгер сигурно останува во Јунајтед и по овој преоден рок. Тој ќе биде вклучен во сите акции на тимот. Во ПЛ, а ќе го вратиме и во тимот за ЛЕ, бидејќи се отвори простор со заминувањата на Депај и Шнајдерлин.“
Во три натпревари кои ги одигра Јунајтед постигна 4 голови.