„Мерцедес мора мене да ме праша за нов колега“

Луис Хамилтон изјави дека Мерцедес има обврска да го консултира при изборот на колега.

По се изгледа дека тоа ќе биде Валтери Ботас, членот на Вилијамс, а Маса изгледа дека нема да оди во пензија, туку таму ќе го пополни местото.

„Мислам дека се остана на неколку возачи и според договорот, тие мора  мене да ме консултираат. Не одлучувам јас, но мора да ме прашаат.“