Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси сеуште чека на продолжување на договорот со Барселона.
Договорот на еден од најдобрите фудбалери во светот завршува во 2018-та година, а медиумите редовно го селат Аргентинецот од Барселона.
Денес медиумите донесоа интересна приказна за можното заминување на Меси.
Тој наводно во лето би можел да го напушти тимот, односно да стане член на Сити.
Според медиумите, Сити е подготвен да плати 100 милиони фунти за услугите на 29-годишниот играч.
Наводно, таткото на Лионел, Хорхе кој има улога и на негов агент, нема намера да преговара за нов договор.
Сити е подготвен да му понуди на Меси неверојатна плата од милион фунти неделно, со што тој би станал најплатениот играч во светот.
Сепак, ова се само шпекулации кои често се појавуваат во медиумите.