Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарите на МЗТ Скопје со 92:72 славеа на третиот и последен пријателски натпревар од мини турнејата во Турција против Бакиркој баскет.
Во текот на целиот натпревар се играше израмнета кошарка, а нашиот тим дури во последната четвртина успеа да направи голема предност и мирно да го заврши натпреварот.
Дамјан Стојановски со 23 поени беше најдобар во редовите на МЗТ, а одличен беше и Даниел Џенсен со 20 поени.
Следно на агендата за „Металците“ е нова мини турнеја која овој пат ќе се одржи во Бугарија и Романија.