„Ми зборуваа дека германскиот стил не поминува овде...

    Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп смета дека ги придобил тие кои се сомневаа  во неговата прва сезона меѓу Црвените.

    На осми октомври ќе навршат година дена како германскиот стручнак е на клупата на славниот клуб од Енфилд и вели дека за тоа време многу научи.

    „Година дена сум постар и сите тие сра*а, но се е добро – не е совршено, но е добро. За тоа што се надевавме, и за тоа што и зборувавме. Имаше сомневања, имаше многу гласини во врска со мене. Луѓето зборуваа дека бев добар тренер во Дортмунд, но дека германскиот начин не функционира овде, таквите работи…Сега ситуацијата е подобра во таква смисла“, рече 49-годишниот германски стручнак.

    „Работата е во тоа што не сум овде на година, се надевам дека овде сум долгорочно, а тоа значи дека треба да ги искористиме сите информации кои ги собравме досега и нешто да научиме. Такквиот живот функционира – собираш искуство и учиш од нив со цел да бидеш спремен за наредниот предизвик“, додаде Клоп.

    Ливерпул победи на пет натпревари по ред во сите натпреварувања, во последното коло од Премиер лига совладан е Свонси со 2:1.

    „Ми се допадна клубот и пред што дојдов, но толку е подруго кога сте внатре. Пред клубот е уште доста работа – не е работа во уживањето во историјата, туку во тоа да бидеме нејзин дел“, заклучи Клоп.

    Ливерпул има два бода  помалку од првопласираниот Сити, а на 17 октомври го дочекува Манчестер Јунајтед во осмото коло.