Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кинезите ветија дека ќе го засилат тимот, но Монтела инсистира на дефанзивниот дел.
Милан наводно договорил 2 трансфери за наредната сезона.
Одбраната, која според Монтела е најголем проблем, би требало да добие нов лев бек и стопер.
Прв е Колашинац кој стигнува како слободен играч, а за него се зборуваше дека е мета на Челси и Јувентус, но на крајот тој се договорил со Милан.
Другиот е Мусачо, стоперот на Виљареал. Тој и понатаму сака во Милан, одби нов договор, а во лето влегува во последната година.
Целта на Кинезите е да го продолжат договорот со Донарума и Де Шиљо, а постојат ветувања дека ќе вложат многу пари во тимот.
Одбраната на Милан според Монтела би можела да изгледа вака: Донарума на голот, десно Де Шиљо, стопери да бидат Ромањоли и Мусачо, а на левата позиција да биде Колашинац.
Делува ветувачко, но дали ќе има нешто од тоа, ќе мора да се чека до лето, односно до конечното превземање на тимот.