Милан му го продолжува договорот на Гатузо


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Спортскиот директор на италијанскиот гигант Милан, Масимилјано Мирабели, изјави дека Џенаро Гатузо во наредните денови ќе потпише нов договор.

Гатузо го води добро тимот на Милан, па се приближува до место кое води во Лигата на шампиони.

„Подготвуваме договор за Гатузо. Веруваме дека тој е вистински тренер за нашиот тим. Пред него е голема тренерска кариера, па нормално дека ќе остане во нашата екипа“, вели Мирабели.

Според новиот договор би требало да заработува по 1,2 милиони евра по сезона.