Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилскиот фудбалер Луиз Адријано вчера го напушти тимот на Милан и својата кариера ја продолжи во Спартак Москва.
Адријано во Милан дојде во 2015 година како големо засилување, но не се покажа најдобро.
Милан не сакаше да ризикува на таа позиција, па јуниорот Патрик Кутроне е промовиран во првиот тим.
Овој 18-годишен напаѓач е голема надеж на италијанскиот клуб, а во минатата сезона за јуниорскиот тим постигна 14 голови на 25 натпревари,
Уште поимпресивно звучи тоа што на последните 13 натпревари тој постигна 11 голови.
Тоа сигурно беше доволен мотив за тие да го преместат во првиот тим.
По Донарума и Локатели ова е 3-от играч од академијата на Милан кој во последната година е прекомандуван во првиот тим.