Милан, Фиорентина и Наполи ќе го спасуваат од Чемпионшип – Се враќа ли по 1 сезона во Италија?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Миделсброу е во опасност да испадне од ПЛ, а токму поради тоа Де Рон би можел да се врати во Италија.

Овој фудбалер стигна од Аталанта. Тогаш беше платен 12 милиони фунти, а играше прилично добро во ПЛ.

Но ако се земе во предвид дека Миделсброу се наоѓа во опасност да испадне од ПЛ, тогаш голем број играчи не се задоволни со тоа и сакаат да заминат.

Според медиумите, за овој фудбалер се заинтересирани Милан и Фиорентина, а како најсериозен кандидат се смета Наполи.

По се изгледа дека неговата дестинација ќе биде Италија. Де Рон е меѓу најплатените во Миделсброу, а се претпоставува дека буџетот ќе биде намален ако испадне тимот од ПЛ.