„Миха не ме сакаше! Ми зборуваше дека ќе играм, но не ме ставаше во тимот!“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Шпанскиот играч откри што му се случувало додека Миха беше тренер на Милан.

Оваа сезона тој постигна 5 голови и 8 асистенции. Не е така лошо за играл кого во Ливерпул го прогласија за промашување и за кој верувале или не во Италија велеа дека нема да успее. Сусо, сепак игра така како што очекуваат навивачите од него.

Само, не го почитуваа сите Шпанецот како Монтела. На пример, неговиот претходен тренер Миха имаше различен поглед на фудбалот и тој не го сакаше Сусо.

„Да останеше Инзаги тренер пред 2 сезони мислам дека ќе играв повеќе, бидејќи таман си го најдов местото во тимот, а потоа дојде Миха. Тој секогаш има различен став и сметаше дека не сум добар.“

„Му реков дека ако мисли да не играм, тогаш подобро да ме прати на позајмица.“

„Тој ми рече да останам мирен и дека ќе играм, но тоа не се случи. Играв само против Емполи и тогаш не бев подготвен затоа што само што бев вратен од повреда. Нозете ме болеа, чувствував дека не можам да се движам. По половина час ме извади од теренот и од тој момент не играв повеќе.“

„Немаше никакви караници. Очигледно не ме сакаше, тоа е тоа. Неодамна игравме против Торино во првенството и во купот и тогаш се поздравив со сите негови соработници од стручниот штаб, кои беа во Милан, но Миха не го видов.“